Пинг-понг
Димитар Петрески-Таче е прв јуниорски првак во историјата на пинг-понгот во Македонија. Во февруари, 1947 година, селекцијата на „Гоце Делчев“ од Прилеп учествуваше на првото републичко пинг-понгарско првенство, што се одржа во Титов Велес. Во категоријата на јуниори, вo финалето го победија „Партизан“ од Битола со 5:0 и станаа први јуниорски прваци во историјата на пинг-понгот во Македонија.
Составот на пинг-понгарската екипа на Победа, сликана во Охрид, на Југословенското првенство во пинг-понг: Здравко Здравески, Сашо Иваноски, Гице Караџоски, Трајко Димоски и Кирил Џингоски.
ППК „Младост“, 1972: Илија Карески, Пеце Јованоски, Миле Петрески, Стеван Базеркоски, Владо Сапунџиоски, Кире Ѓорѓиоски, Кире Грнето, Блаже, Орде, Мишко Сапунџиоски, Зоран Јованоски, Илија Бошкоски и Миле Карески.
Коментирај