Петар Поп-Антоски

Петар Поп-Антоски

Петар Поп-Антоски e роден во Прилеп во градската фамилија Поп-Антовци.

Во 1924 година се запишал на Вишата лозаро-овоштарско-градинарска школа при Земјоделско-Шумарскиот факултет во Прага. Школата ја завршил во 1928 година и станал прв земјоделски стручњак и агроном за лозарство и винарство и енолог во Македонија. По враќањето во Прилеп, засадил лозја на површина од 3 хектари во регионот на Каракамен, со истите сорти, со кои се засадени и Кралските лозја во Демир Капија.

Неговото семејство во 1926 година од Прага купило жетварка „Cornic“, која ја употребувале на сопствениот имот во Варош, каде што биле сопственици на 30 хектари обработлива земја. Во 1928 година купиле вршачка „Clayton“, која освен за свои потреби, вршеле услуги и на други лица, а во 1929 година набавиле и „трактор со железни колца“.

Нема Коментари

Коментирај