Локалитетот „Пештерица“ e археолошки локалитет од младата камена епоха – неолитот. Местото се наоѓа кај некогашното истоимено село, околу 7 км северно од Прилеп.
Населбата Пештерица била поставена на десниот брег на Ореовечка Река. Во нејзина близина се наоѓа римска каптажа на извор.
Ископувањата се извршени во 1965 година, пред да се потопи теренот со вода од вештачкото езеро. Врз основа на откриениот неподвижен и подвижен археолошки материјал, заклучуваме дека жителите во неолитска Пештерица живееле постојано на едно место, а се занимавале со земјоделство, сточарство, лов и риболов.
Villa Rustica се наоѓа кај месноста Пештерица, околу 7 км североисточно од Прилеп. Вилата е комплекс на целини, споени една до друга, но секоја со посебна намена и посебни влезови. Постои и терма со мал базен, а имало и базен за гмечење грозје. Постојат повеќе фази на градба. Почетната е од кршен камен и малтер, а подоцнежните преградувања се со камен и кал. Претпоставка е дека вилата е изградена во III век, а егзистирала до IV век.
Базенот во Villa Rustica служел за гмечење на грозје. Сокот од изгмеченото грозје, преку изливот се собирал во земјениот сад, а потоа се црпел и складирал на друго место.
Денес Villa Rustica се наоѓа под водите на вештачкото езеро.
Коментирај