Пештерица е поранешно село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешна Општина Прилеп.
Селото било лоцирано на Ореовската река (Пештерица) на неколку километри североизочно од Прилеп, на местото на вештачкото Прилепско езеро.
Крај Пештерица е отворена ранонеолитска населба. На брегот на денешната брана е отворена римска вила од III-IV век, во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики.
Селото е споменато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век. Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е дериват од пештерата, која е од праславјанското доба.
Во XIX век Пештерица било мало македонско село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Пештерица (Peschtéritza) е посочено како село со 18 домаќинства и 88 жители христијани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пештерица има 90 жители, сите христијани.
Во почетокот на ХХ век населението од селото биле под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et la Population Chrétienne“), во 1905 година во Пештерица (Pechteritza) имало 80 христијани.
Селото е потопено со изградбата на Прилепското Езеро.
Коментирај