80-те години од минатиот век: Лепенка за на шофершајбна од АМД Прилепец

АМД „Прилепец“

АМД „Прилепец“ со организирана работа започнува во 1972 година како одговор на зголемениот број на возила и потребата за стручно оспособување на возачи во општина Прилеп.
Покрај обука на возачи во градот, друштвото со успех организира обука и настава за возачи од „Б“ категорија и во околните места.
Истата година по пат на теоретска и практична обука, АМД „Прилепец“ со успех обучува 200 кандидати.
Во 1973 година обучени се 350 кандидати, а во 1974 година обучени се 250 кандидати.
Во 1974 година, друштвото преку 3 курсеви обучува и 130 војници од гарнизонот „Мирче Ацев“.

АМД „Прилепец“ уште на почетокот од своето формирање има постојано членство кое со своето членување уживаат одредени бенефиции обезбедени од друштвото:

1972 година: 302 членови автомобилисти, 25 спомагатели, 70 пионери.
1973 година: 402 членови автомобилисти, 5 моторциклисти, 76 спомагатели, 213 пионери.
1974 година: 599 членови автомобилисти, 15 моторциклисти, 50 спомагатели, 250 пионери.

Во 1974 година е воведена картотека за членовите кои ги користат услугите на техничкиот сервис од друштвото, со посебен картон за секој член во кој ќе се евидентираат услугите и техничката состојба на возилото.
Истата година од страна на Општинското собрание е доделен бесплатен плац и дозвола за градба на нова авто-база.

1975 година
„Трудбеник“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc