ФК „Пелагонија“, Пашино Рувци своите почетоци ги бележи во годините по Втората светска војна. Од првите фудбалери во селото се памтат Блаже Кадински, Божин Цивкароски, Спире Малкоски, Ристе Цивкароски, Блаже гаралоски, Блаже Пашоски и Јонче Јагуриноски.
Иако во селото фудбал се играло активно во повоените години, ФК „Пелагонија“ дури во 1965 година е официјално регистриран во Сојузот на физичка култура на СР Македонија.
Од денот на своето формирање, па до денес, клубот се натпреварува во општинските лиги..
Коментирај