Првото издание на патописот од 1858 година.

Патописот на Димитрие Болинтинеану од 1854 година

Патописот на Димитрие Болинтинеану од 1854 година

Димитрие Болинтинеану (1819-1872) бил прочуен романски поет, публицист, општествен и државеен деец.

Низ Македонија патувал во 1854 година, во летото на првата година од Кримската војна. Патописните белешки ги средил во 1858 година. Патувањето го започнал од Солун, каде што дошол со брод, а потоа поминал низ Воден, Острово, Пела, Костур, Битола, Прилеп, Крушево, Света Гора и други места.

Податоците за Прилеп се преземени од „Calatorii la Romanii din Macedonia si muntele Athos sau Santa Agora“, која е издадена во Букурешт во 1915 година.

„Од Монастир до Перлеп има четири леги. Патот, наводнуван од Вардар, богат е со посеви и блескаво зеленило; долини со стада, но недостигаат дрвја.

Перлеп се наоѓа во богата долина, во областа на старата Пеонија. Се верува дека бил основан во византиско време. Изгледот на градот е мизерен. Населението на градот достигнува до осум илјади души, меѓу кои има и мухамеданци, Романци и Бугари. Овде еднаш годишно се одржува голем панаѓур. Одовде се извезуваат житни култури“.

Нема Коментари

Коментирај