1973:Капетан Панчо Кузески

„Панчовото дебело море“ – Интервју со капетан Панчо Кузески

„ПАНЧОВОТО ДЕБЕЛО МОРЕ“

„Фронт“
13 април 1973 година

 

Минатата војна го замрачи и неговото детство. Уште во 1941 година кого родниот Прилеп му го окупираа Бугарите. Семејството Кузески и неговиот „бунтовник“ Панчо, тогаш ученик во гимназија, не можејќи да ја поднесат окупацијата во родниот град, се преселија во Скопје, но и тому живееја тешко.
Таткото, всушност мизеруваше во месарскиот дуќан, а неговиот син Панчо беше книговодител на сиромашната и најчесто празна месарница.

Едно утро 1944 година штотуку седумнаесетгодишно момче, наместо во месарскиот дуќан се најде во стројот на 12та скопска партизанска бригада. Ви штотуку формираната единица, нејзиниот најмлад пушкомитралезец Панчо, имаше тежок судар со Германците. Горе, над Скопје, на пругата Скопје – Солун…
Истата таа ноќ Панчо беше и „нуркач“ и „морнар“, но за тоа и самиот не беше свесен.
При повлекувањето со група партизани го газеа Вардар, и одеднаш, како од земја да никна, им се закани германска колона. Панчо и неговите другари беа веќе длабоко загазиле во реката и во тој момент немааа каде туку да се „скријат“ под водата, држејќи се за раце, еден цел час останаа под водата, земајќи одвреме на време воздух, се додека не помина германската колона.

Таа и следните воени години Панчо Кузески. уште којзнае колку пати го газеше Вардар, и на крајот го доживеа највисокото што може да се доживее во војна, Учествуваше во борбите за ослободувањето на Скопје, градот од каде што замина во војната и градот што толку го сакаше.
Учествуваше со својата 12та Скопска бригада. Секако, повеќе не како пушкомитралезец, туку како разузнавачки офицер на баталјон. Навистина, офицер, без чин, но чинот кој патуваше кон него, токму онака како што тоа беше случај со многу други воени старешини на народноослободителната војна.

Офицерскиот чин на партизански разузнавач, меѓутоа, никогаш не го дочека. По своја воља, и според тогаш постоечкото одобрување се демобилизира и стана ученик на прилепската гимназија. Набргу, градскиот комитет на СКЈ во Прилеп речиси му „нареди“ да замине во поморска воена академија.
Ја послуша партијата и веќе во 1950 година стана поморски офицер, потпоручник.

Тока беше тогаш, тока го започна животот еден поморец. Денес Панчо Кузесски е капетан на боен брод.
Сега, по повеќе од 20 години поминати во подморничка служба, поминати повеќе под море, а помалку на морето, се обидуваме да го вратиме Панчо Кузесски во минатото за да ни открие по нешто од најобичниот, би кажале, најтежок поморски занает. Но командантот со тешко срце ја прифаќа „пловидбата“ наназад, пловидбата во минатото.
Тој уште на почетокот на нашиот разговор беше сосема јасен:
„Верувајте ми… Не гледам на тоа својата иднина да ја градам на сметка на минатото. Треба да се плови само напред…”
Ги изговори поморецот овие зборови па замолча. Но и тоа негово молчење. и изразот на неговото лице не наведува на помислата дека и неговиот живот се мачеше, а не само тој во животот, а тој ете како да нема што да каже за себеси. Веројатно од една единствена причина. Веројатно затоа што и самиот знае, дека само оние кои се доволно силни да молчат за себе, доволно се силни да веруваат во себе.

Сепак, одново го поттикнуваме командантот. на „пловидбата“ наназад и го прашуваме:

-Зарем за две децении искуство – на вашите другари, на починетите и на оние кои штотуку ќе станат поморци, не им оставате необичен тестамент, кој наместо имот содржи скапоцено искуство, вештини, храброст, и се разбира, она што не се препишува од книгите туку од животот. Што е најзанимливо во тој ваш тестамент?

-Е, тестамент… Зошто ме терате на помислата да си признаам самиот на себе дека заминувам од својата пловна единица. И, кој знае, дали од неа ќе можам да заминам и тогаш кога ќе заминам. Знаете, јас намерно свратив во тој свет на тесниот простор и во него останов 20 години. Не е лесно да се разделам со тоа. Пловејќи по морето станов возрасен и како човек и како командант… По службена должност, некои настани никогаш и никому нема да можам да му ги раскажам. Ни на себе самиот…

-Се едно, вие како поморец, надживеавте и некои познати пловни објекти. Ете, „Сава“ и „Малишан“ се сместенн во Техничкиот музеј во Загреб. „пензионирани се“, а вие и понатаму пловите, командувате. Зарем не сте горди со тоа, зарем не сте среќни?

-Да. Заради тоа сум и среќен и тажен. Менував должности, единици, објекти. Мојата прва пловидба беше токму на 802, на „Сава“. Во 1952 година (се разбира, откако завршив специјалистичка обука на подморничар) запловив со таа подморница како командир на торпедно оружје. Потоа дојдоа и други должности: помошник командант, па командант…

-Да, но и пред тие должности го водевте „Малишан“?

-Да. Тоа е мала подморница, или „џебна“, како што обично ја викаме. Такви можат да се вовлечат во пристаниште, да се прикрадат таму каде треба, да молчат и да го чекаат својот момент… Со неа може успешно и брзо од едно на друго место да се префрлат диверзанти, од неа се и торпедува…

-А екипажот?

-Екипаж како екипаж. Само тројца – Двајца офицери и еден подофицер.

-Но, ве молан, кој ќе ве послужи со јадење, а кафе?

-Ништо од сето тоа братко мој. Во таа подморница нема кафе, нема места за спиење, се е врзано за борбената задача.

-Колку години поминавте во џебна поднорница?

-Како да е тоа важно. Само, и таму понекогаш служев како „експеримент“.

-Не ве разбирам…?

-Беше тоа во она време кога нашата воена морнарица набави противподморнички авион кој требаше до се испита. Тогаш бев „противник“ на пилотите. Пловев, ноќе да се рече – бегав од пилотите за да не не откријат. Задачата пак на пилотите беше што побрзо да не откријат и така да покажат дека авионот има способност да открива подморници додека пловат под вода.

-и?

-Не открија, но се едно не смеевне да изнуркаме. Пилотите не смееја да разберат дека бараат мала џебна подморницаа. Не смееја затоа што авионот може да открива само голени подморници а не и оваа малечка, ситничка со која пловевне ние. Така скривајќи се од пилотите и противподморничкиот авион, за малку не останавме засекогаш на дното на морето.

-Нешто се случи?

- „Ситница“. Пукнаа цевките на подморницата и во неа влезе вода. Тогаш настана вистинска драма. Почна борба за живот и смрт. како што се вели тоа. Успеавме по повеќечасовна борба да ја оспособиме подморницата и да испловаме. Подоцна, веројатно немав такви непријатности.

- Освен тоа таму можевте да испиете кафе, да ручате.. ?

-Имаше од се по малку. Ете еднаш еден морнар се лизна од палубата и падна в море. А беше зима, месец февруари…

-И самиот можам да си помислам колку ви беше тешко да им ја објасните трагедијатаа на родителите на овојј морнар?

-Тоа, веројатно тој самиот им го објасни.

-Значи, го спасивте?

-Да. Се вративме половина километар, а потоа го извлековме од морето. Беше одличен пливач и среде зима се бореше со морските бранови. Момчето беше од Босна, инаку многу дисциплиниран морнар. Со години по отслужувањето на својот воен рок ми пишуваше и речиси секогаш на крајот од своето писмо се извинуваше за стравот што го претрпев јас заради него.

Одеднаш и ненадејно командантот повторно ја запре „пловидбота на својот живот“. Замолче, па рече:

-Силата на секој човек е во тоа, ако умее самиот себеси да се поправа. Во оваа работа тоа е неопходно. Во секоја работа тоа е важно.

-Онаа ноќ, додека со подморницата бевте на ноќно нуркање, сепак не можевте да ја заобиколите вкотвената мина? Што се случи таа ноќ?

-Во ноќното возење подморницата закачи морска мина и ја влечеше полни десет милји. Се разбира, ние тоа го забележавме. Во еден момент се скина челичното јаже на мината и подморницата успеа да се ослободи. Утредента. миноловците ја пронајдоа и ја демонтираа. Не морате да ме прашате како ми беше кого разбрав дека тоа беше вкотвена мина.

Капетанот на боен брод Панчо Кузески е премногу скромен човек. По никоја цена не би ни кажал дека има многу негови подвизи за кои би можело многу што да се раскажува. За една негова и за храброста на неговиот другар Марјан Гостиќ, е снимен дури и филм кој зборува како двајца офицери по бурно море, по тешко море на ветер од осум бофори, ја спасија подморницата и своите луќе. Откажа кормилото на подморницата додека таа пловеше по површината. Брановите ја фрлаа подморницата на сите страни. Во тие моменти требаше да се дојде до кормилото.

Панчо Кузевски, тогаш на должност помошник командант на подморницата, се јави како доброволец. Се согласи, него и неговиот другар морнарите да ги врзат со јажиња и практично да ги фрлат во морето за да се обидат да го поправат кормилото. Ризикуваќи ги своите животи, по драматична борба успеаја да го поправат кормилото и така да спасат се што веќе беше речиси изгубено.

Ете, и тоа возење беше од онаа „мрачна улица“ во Која Панчо Кузески намерно наврати.
Од таа негова „мрачна улица“, но многу сакана, го советуваше и својот син Никола да тргне во средно бродарско училиште, а потоа на военопоморски факултет. Да плови по истото она море по кого пловеше и неговиот татко.

Воислав Андоновиќ

Нема Коментари

Коментирај