Прилепчани сликани пред школски тренажен авион Fizir FN, во годините пред Втората светска војна.

Спортско воздухопловство

Спортско воздухопловство

Првите воздухопловни друштва во Македонија се основани во 1923 година во Скопје и Струмица, а во есента 1926 година. Истата година недалеку од Скопје, на Зајчев Рид, изведен е прв Аеромитинг.
На 15 јануари 1945 година одржано е Основачко собрание на Воздухопловното друштво, а во ревитализираната воздухопловна работилница, истата година биле произведени две едрилици од типот „Цилинг“.
Од богатата кадровска основа, што преставувала респективен индикатор во Воздухопловното наследство на македонското поднебје, Воздухопловниот сојуз на Македонија оставил оспособени над 24.000 воздухопловни и ракетни моделари, повеќе од 5.000 падобранци, 3.200 пилоти на едрилици, повеќе од 800 моторни пилоти и преку стотина параглајдеристи и змејари во поново време.
Воздухопловната федерација на Македонија (ВФМ) со Аероклубовите располага со пет спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола, во рамките на кои функционираат воздухопловно школски центри.

Како и во другите градови, и во прилепскиот Аероклуб се врши обука на ракетни и воздухопловни моделари, едриличари, падобранци и пилоти на моторни авиони.
Податоци за Аероклуб „Прилеп“-Прилеп:

Дом на народна техника Претседател: Дејан Пеливаноски; Управник: Миле Спиркоски Воздухопловни дејности: возддухопловно моделарство, ракетно моделарство, змејарство, летање со ултралесни летала, падобранство, едриличарство, моторно летање.
Спортски аеродром – „Мало Коњари“-Прилеп

ХРОНИКА:

Светски куп во воздухопловно моделарство на слободно летачки модели, „Прилеп бренд 2007“

„…На 9 и 10 јуни 2007 година, на спортскиот аеродром Мало Коњари кај Прилеп, во организација на АК „Прилеп“ – Прилеп и ВФМ, како и директорот на натпреварот Здравко Тодороски, се одржа Светскиот куп „Прилеп бренд 2007“ и 55-тото Државно првенство во воздухопловно моделарство на слободно летачки модели во јуниорска и сениорска конкуренција.
На натпреварите учество земаа преку четириесет натпреварувачи од Словенија, Србија, Бугарија, Австралија и од Македонија од Аероклубовите од Скопје, Кавадарци, Кичево и Прилеп во категориите Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц и Ф1Х, каде настапија учесници од самиот светски врв во овие категории.
- Во светскиот куп-категорија Ф1А-сениори првопласиран беше Живко Николовски-Македонија, втор Милош Борџошки-Србија и трет Николај Николов-Австралија.
- Кај јуниорите прв беше Милан Радониќ-Србија, втор Александар Ѓукиќ-Србија и трет Блаже Кочов-Македонија.
- Во категорија Ф1Б на првото место се пласира Валентин Савов-Бугарија, како втор Иван Колиќ-Србија и трет Радое Благоевиќ-Србија.
- Во категорија Ф1Ц првопласиран беше Коста Стојановски-Македонија, на второ место се пласира Дамјан Жулиќ-Словенија и трет беше Ристо Барбуловски-Македонија.
- Во јуниорска конкуренциа категорија Ф1Х првото место го освои Кирил Димески-Македонија, второто Сашо Попов-Македонија и трето Николај Бардаров-Бугарија.
- Во актегорија Ф1А, првопласиран беше Живко Николовски – АК „Скопје“ – Скопје, второпласиран Оливер Велковски од АК „Прилеп“ – Прилеп и како третопласиран Гоце Јосифовски од АК „Витачево“ – Кавадарци.
_ Во категорија Ф1Б првото место го освои Ѓуро Габершчак од АК „Скопје“ – Скопје, второто Леонидис Крстевски и третото Аљоша Анастасов и двајцата од истиот АК.
- Во Ф1Ц првопласиран е Коста Стојановски, а на второто место се пласира Милан Радовиќ и двајцата од АК „Скопје“ – Скопје.
- Во јуниорската конкуренција во категорија Ф1Х поединечно прв е Кирил Димевски од АК „Прилеп“ – Прилеп, втор Сашо Попов од АК „Витачево“ – Кавадарци и како трет Владимир Поповски од АК „Прилеп“ – Прилеп.
- Во екипниот пласман на прво место е АК „Прилеп“ – Прилеп и втор АК „Витечво“ – Кавадарци…“

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc