2002 година: Членовите на БК „Прилеп“ сликани со Џумерко како почесен член на клубот

Боксерски клуб „Прилеп“

Аматерскиoт боксерски клуб „Прилеп“ е формиран во 2001 година од Иле Нешковски и Бранко Илиески, поранешни боксери на БК „Пелистер“ од Битола. Тренинзите се одржувале во салата на ОУ „Гоце Делчев“ и во салата на МЗ „Рид“.

Kлубот е составен од членови кои се натпреваруваат и членови кои тренираат бокс рекреативно. Натпреварувачите на БК „Прилеп“ учествувале на повеќе натпревари во боксeрската лига на Македонија и поединечните првенства на Македонија во бокс. Првиот настап како клуб во боксерската лига на Македонија го имаат во 2002 година, кога го освоиле 6-тото место.

Позначаен успех е освојувањето на второто место во боксерската лига на Македонија во натпреварувачката 2003 година со освоени 22 бодови.

Постигнати резултати во боксерската лига на Македонија:
2002 година – 6 место
2003 година – 2 место
2004 година – 4 место
2005 година – 5 место

Во боксерските првенства во поединечна конкуренција медали освоиле:
Јанкоски Влатко (сребрен медал, кадети +86 кгр 2004 година,и сребрен медал во јуниори +86 кгр 2005)
Пурданов Васко (сребрен медал сениори 2005 година 54 кгр )
Нечкоски Ренато (сребрен медал, јуниори 2004 година 67 кгр)
Ацески Дарко (сребрен медал, кадети 2003 година +86 кгр)
Јованоски Миле (сребрен медал, кадети 2003 година 54 кгр)
Христијан Блажески (бронзен медал, јуниори 2004 година 71 кгр)

Денес боксерскиот клуб „Прилеп“ не постои.

Дообјаснување за прва слика:
Стојат: Ренато Нечкоски, Иле Нешковски (тренер), Бранко Илиески (тренер), Благоја Спиркоски-Џумерко (почесен член), Филип Илиески, Никола Илиоски, Дарко Ацески;
Клечат: Филип Павлоски, Миле Јованоски, Влатко Димоски, Игор ? и Мартин Јованоски.

Дообјаснување за втора слика:
Влатко Јанкоски, Мартин Белушанец, Иле Нешковски, Васко Пурданов и Синан Ибраимоски.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc