СК „Викторија“

СК „Викторија“

СК „Викторија“ е формиран во 1934 година. Тоа бил регистриран спортски клуб на Варошкомаалци.

Клубот го сочинувале работници, занаетчии, тутунопроизводители и млади напредни луѓе од Варошко маало. Клубот играл во потсојузната лига со Битола, Крушево и Кичево. Бидејќи клубот немал свое игралиште, тренинзите ги изведувал во празната ширина кај новата железничка станица.

Играчите и членовите на управата биле напредни луѓе, така што голем дел од нив учествувале во НОД и НОВ. Некои играчи биле членови на работничкото друштво „Коста Абрашевиќ“. Клубот развил и културно-просветна и забавна дејност. Редовно организирале игранки за собирање на парични средства. Членовите на клубот и напредните младинци од Варошко маало и од градот, организирале самостојна претстава, на која била прикажана комедијата „Д-р“ од Бранислав Нушиќ.

На фотографијата се следниве фудбалери: Стојан Тодороски, Борка Здравкоски, Павле Јованоски, Љубен Аризанкоски, Киро Аризанкоски, Киро Ристески-Берберо, Илија Боцески, Методија Ристески, Димче Коцески, Жарко Дамјаноски, Стеван Вренцоски, Киро Настески, Орде Тодороски, Кицо Насте, Киро Азмано и Илија Тодороски.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc