Заедничка фотографија на СК „Македонија“ Прилеп и СК „Македонија“ Скопје (1:4), 1941 година.

СК „Македонија“

СК „Македонија“ е формиран во 1941 година. Тоа е клуб формиран под директива на бугарската фашистичка власт, зашто во управата на клубот постојано имало луѓе, лојални на окупаторскиот режим.

Првата управа на клубот ја сочинувале: Гога Самарџиоски, Милан Сапунџиоски, Коло Мамин-Коло, Мице Корубин, Атанас фурнаџијата, Ноче Зорлески, Киро Тамбурката, Бојан Тасески и Александар Самарџиоски.

Во 1942 година, под притисок на бугарските окупаторски власти, фудбалерите на СК „Македонија“ одиграле натпревар со војниците од германските единици, стационирани во Прилеп, а натреварот завршил со резултат 3:1 во корист на домаќините.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc