1930: „Прилепски спортски клуб Југославија, на дан прославе“

СК „Југославија“

СК „Југославија од Прилеп е првиот фудбалски клуб, кој ја имал честа да го одигра и првиот официјален натпревар на Градскиот стадион, кој некогаш бил турски гробишта. Натпреварот бил одигран во 1922 година, а за противник ја имале фудбалската екипа на СК „Омладина“ од Битола.

СК „Југославија“ бил градски клуб и во него играле чиновници, занаетчиски работници и ученици. Во најдобра форма оваа екипа била во 1932 година, кога станале член на Скопскиот фудбалски потсојуз и се бореле за влез во Сојузната лига, но не успеале. Во тоа време одиграле многу натпревари со битолски екипи, со струмичка „Беласица’, со клубови од Србија… Во Прилеп гостувале и некои белградски екипи.

СК „Југославија“ бил меѓу најдобрите екипи во Македонија, а двапати бил и првак на „Скопскиот лоптачки потсојуз“. На чело на клубот стоеле поистакнати прилепски трговци и занаетчии, како и луѓе од власта. СК „Југославија“ постоел до 1941 година.

За првиот официјален натпревар, одигран во 1922 година, за СК „Југославија“ настапиле: Таче Аџија, Јосиф Сугарески, Шабан учителот, Минда Фицироски, Серафим Најдоски, Рампо Џимпиро, Стевче Бабоски, Миха Киселоски и Благоја Мрмески.

На 24 мај 1930 година, по повод големиот верски и државен празник Свети Кирил и Методиј, бил одигран ревиијален натпревар, а за СК „Југославија“ настапиле: Бојан Тасески, член на управата; Рампо Чесноски, претседател на клубот; Борка Николоски – Беќаро, Војне Н., Киро Санката, Серафим Најдоски, Методија Аџемоски, Рампо Здравески – Џимпиро, Рампо Беќаро, Методија Жерески, Виктор Тошески; Методија Јованоски – Митуш и Мамин Коло..

Во 1931 година, боите за клубот ги бранеле: Николај (руски емигрант), Орде Зуграфоски, Пане Панески, Коста Кандоски, Минда Фицироски, Благоја Мрмески, Коста Хаџи-Костоски – Тутара, Мендо Цанески, Вернер (воено лице), Киро Крнката и Рампо Здравески-Џимпиро.

Во 1932 година, одигран е натпревар против ССК „Скопје“, кој завршил со убедлива победа на Прилепчани со 6:3. За СК „Југославија“ на овој натпревар играле: Борис Николоски – Беќаро, Коста Хаџикостоски – Тутара, Миле Најчески, Методија Аџемоски, Димитар Москоски, Киро Чаушески – Талата, Димче Беќароски, Димитар Ветаџокоски, Киро Крстески – Штркот и Методија Митуш.

На натпреварот со СК „Железничар“ од Скопје, дресот на СК „Југославија“ го носеле: Димитар Ветаџокоски, Милан Сапунџија, Методија Точак, Рампо Здравески – Џимпиро, Кирил Најчески, Блаже Мојсоски, Петар Костоски, Виктор Тошески, Методија Митуш, Иван Карески, Илија Порјазоски, Кирил Чаушески – Талата, Блаже Вернар, Димитар Москоски – Малакот, Кирил Крстески – Штркот.

Во 1936 година, за верските празници Петровден и Павловден, во Прилеп гостувал СК „Југославија“ од Белград.

____________________________________________________________

Нови Сад, 1 октомври 1929 година
До 
Сотир С. Спасевић
Спојна Цеста бр. 4
Вила Сокол
Загреп

Драги другаре Сотире

…СК Југославија наша некни играла за првенсвото та и изгубила 3:2 за Битољ, али со Битољ силан Прилеп е на публика. Отишле 400 души таму.
Димитрија Кожаро, крилото од Југославија, умрел преди 10 дена.

_____________________________________________________________

Прилеп, 28 ноември 1930 година
Do
Gospodinu
Sotiru Spaseviču
Student farmacije
Skalčičeva 35/IV
Zagreb

Чок Селам (Многу поздрави)

Од Бибито Шишко

…Тро за спорто да си попрајме муабет.
Првенствената со „Битољ“ је одложена за в пролет. „Битољ“ чекаше да бида казнети некој играчи од „Југославија“ (За непокорност на судијата, ко се десија инцидентите намерно импровизирани од „Битољ“, ко бевме јас и ти в Битола). И сега ко му и саопштија казните (За првенствени утакмици само!) на Ветаџока , Талата, Џимпиро и Кечето, му се јавиа „Битољ“ на подсавезо в Скопје оти се спремни! Арно ама подсавезо ги „дрнува“ битолчани и ја одложува утакмицата за в пролет ко че му истекни казната на играчите од „Југославија“.

Во неделата овде на 3 новембар играше овде „Спорт“ од Скопје и подлегна со 4:0. „Спарта“ претенденто на подсавезното првенство на 16то место подлегна со 3:0. На 30 новембар и на 1 децембар овдешната „Југославија“ гостува во Скопје и игра двата дена со првако „Југ“, а чак и другата сабота и недела игра во Скопје пак со „Југ“, Белградска „Југославија“. Резултатите ће ти ги јавам.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc