Заедничка фотографија на фудбалерите на ФК  „ЗИК Прилеп“ и на ФК „11 Октомври“.

ФК „ЗИК Прилеп“

ФК „ЗИК Прилеп е основан по оформувањето на ЗИК Прилеп од тогашните постоечки земјоделски стопанства во селата Славеј, Долнени и Тополчани. Главен иницијатор за основање на клубот бил тогашниот директор Илија Рочески. Впрочем, клубот е основан во 60-те години со фузирање на маалските ФК „Хајдук“ и ФК „Градител“.
Меѓу неговите најуспешни тренери бил Благоја Башески.

ФК „ЗИК Прилеп“ се натпреварувал главно во регионална лига, Пелагониски или Битолски потсојуз, а во 1970 година се пласирал во Републичка лига. Фудбалските мечеви ФК „ЗИК Прилеп“ ги играл на спортскиот центар кај базенот.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc