ФК Пролетер...

ФК „Пролетер“

ФК „Пролетер“ е формиран во 1947 година, од ромското население во Прилеп, од населбите Тризла и Дабнички Завој.

Иницијатори за формирање на ФК „Пролетер“ се: Џемаил Адемоски-Чочката, Селајдин Алиоски, Неџат Рушидоски, Рамиз Бајрамоски, Емин Еминоски, Мемед делоски, Шукрија Рушидоски и Селми Џелоски.

ФК „Пролетер“ првиот натпревар го одиграле со екипа од селото Кривогаштани. Иако се потпирале исклучиво на аматерски принципи, ФК „Пролетер“ е вистински пример за клуб на ентузијасти. Иако немале свое игралиште, без реквизити, патувајќи со запрежни коли и трактори, клубот егзистирал без прекин се до 1959 година. Куриозитет е кога на гостувањето во Крушево, за да стигнат да ја одиграат средбата со ФК „Питу Гули“, играчите патувале 30 км пеш.

Во натпреварувачката 1958/59 година, клубот играл најуспешно во Битолскиот фудбалски потсојуз, кога имал и значителни шанси да биде и есенски првак.

Во 1949 година, за екипата на ФК „Пролетер“ настапувале: Џемал Чочката, Рамиз, Фаик, Алија Билески, Мамут Пижо, Кенан Караман, Ало, Селајдин Чаушот, Илфан Кршиколоски, Осман Гаро, Шукрија Балески и Кадрија.

****************************************************************************************

„Австријците од 0-3 стигнаа до 3-3 во Прилеп

> Неверојатен пресврт се случи на пријателскиот, меѓународен фудбалски натпревар во Прилеп, помеѓу ривалите, домашниот Пролетер и гостинскиот Пролетер од Виена. <

Прилепчаните поведоа со 3-0, преку Кареман Асаноски во 15., Нури Рушаноски во 20. и Асан Еминоски во 30. минута, на радост на близу 1.000 гледачи на стадионот „Гоце Делчев“.

Се чинеше дека на повидок е висок триумф на помладата домашна екипа. Но, во продолжението се случи пресврт, откако во составите имаше многу измени. Австријците силите ги чуваа за финишот, така што со хет–трикот (три гола) на Ферди Мемедоски во 60., 75. и 85. минута стигнаа до израмнување, 3-3.

- Моравме да направиме измени бидејќи веднаш, наредниот ден, нé чекаше важен првенствен натпревар кај Боротино. Испуштивме победа, но побитна е играта, каде што се покажавме – изјави Сами Јашароски, член на управата од ФК Пролетер Прилеп.

Пријателскиот меч со свое присуство го удостоија градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, и претседателот на ОФС Прилеп, Марјан Стојкоски-Манта. Имаше и придружни манифестации, како Ромската вечер, каде што беше избрана убавица за 2011-та. Гостите презадоволни од приемот заминуваат во Австрија.

- Вакви натпревари треба да бидат почести. Реваншот кај нас го планираме наесен – најавија од ФК Пролетер Виена“.

Преземено од: „Нова Македонија“, број 22275 | понеделник 9.5.2011.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc