1950: ФК Прилеп

ФК „Прилеп“

ФК „Прилеп постои од пролетта 1945 година, кога на 1 мај е одигран првиот пријателски натпревар во слободни услови меѓу „Прилеп“ и „Гоце Делчев“.

Во 1946 година фудбалерите на „Прилеп“ го реализирале и првото гостување во странство. Во 1946 година гостувале во Албанија, каде одиграле пријателски натпревари со екипи од Корча и Тирана.

По кратката фузија со „Гоце Делчев“, во 1950 година повторно е обновен ФК „Прилеп“. Во 1951 година доаѓа до повторно кратко фузирање на клубот, овојпат со ФК „Ударник“. Од 1957 година повторно настапува под името ФК „Прилеп“.

Во 1959 година, под водство на тренерот Милорад Илиќ-Бели, клубот ги постигнува најдобрите резултати во својата историја, па преку квалификациите за пополнувањето на Македонската фудбалска лига, со победите над „Напредок“ од Кичево (3:1 и 4:1), за првпат се стекна со лигашки статус.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc