2013: ФК „Партизан“, Обршани.

ФК „Партизан“, Обршани

ФК „Партизан“, Обршани е формиран во 1947 година. Со формирањето на Општинскиот фудбалски сојуз во Прилеп во 1965 година, екипата се натпреварува во Општинската лига. На првото општинско натпреварување го освојува првото место и се стекнува со право да се натпреварува во Битолскиот фудбалски потсојуз.

Во 1967 година екипата се врати во општинската лига. Во сезоната 1986/87 година преку квалификации екипата повторно се враќа во Регионално натпреварување. По четири години натпреварување, поради реорганизација на лигите, екипата повторно е вратена во општинска лига.

Во сезоната 1993/94 година екипата повторно го освои првото место во групата „Југ“ и се пласира во Пелагонискиот регион. Ова беше нивно трето влегување во регион.

Поради неплатени финансиски средства, во 1995 година екипата е отстранета од натпреварувањето во регионот. По неколку години пауза, екипата се фузира со „Искра“ од Ропотово и почнува да се натпреварува во Третата фудбалска лига – Југ, каде што се натпреварува и денес.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc