Логото на ФК „Ново Црнилиште“.

ФК „Ново Црнилиште“

ФК „Ново Црнилиште“ е формиран во 1976 година под името ФК „Црнилиште“. Прв претседател на клубот бил Алиибраим Абдулоски, а тренери биле Ќамил Бајрамоски и Илија Размоски. Овој клуб долги години успешно се натпреварувал во Општинската лига.

Паралелно со овој клуб, во 1995 година е формиран и ФК „Шкендија“ од Црнилиште, а претседател на овој клуб бил Алиу Исмаилаки, додека тренери биле Ридван Рушитоски и Ештреф Сулејманоски. И овој клуб се натпреварувал во Општинската лига, а играл и плеј-оф за првак на ОФС Прилеп.

По згаснувањето на овој клуб, во селото немало екипа до 2012 година, кога се формирал денешниот ФК „Ново Црнилиште“. Основач на денешниот клуб е Садем Адемоски.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc