ФК „Мукос“, Дреновци

ФК „Мукос“, Дреновци

ФК „Мукос“, Дреновци е формиран во 1976 година. Од самото формирање, клубот се натпреварува во општинските лиги на ОФС Прилеп. Бидејќи селото е планинско, теренот се наоѓа малку подалеку од селото, па во врнежливи денови, патот е лош, и затоа натпреварувачите и судиите до теренот одат со трактори и приколки.

Позначајни фудбалери, кои го носеле дресот на фк „Мукос“ се: Миле Тодороски, Боше Велески, Кирил Илиоски, Рубинчо Димоски, Стојан Ристоски и др.

Во 2016 година, ФК „Мукос“ играл финален квалификациски натпревар на Градскиот стадион во Прилеп против ФК „Козара“ од Заполжани за пласман во повисок ранг, но по 120 минути игра натпреварот го изгубиле на пенали.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc