ФK „Млекар“, Мало Коњари

ФК „Млекар“, Мало Коњари

ФК „Млекар“, Мало Коњари потекнува од време на колективите некаде околу 1951/52 година. Најзаслужни за формирањето на клубот се Ѓоре Перкан, Мика Даскало, Пере Крчка, Крсте Сурче и Дане Прдешко.

Во 1957 год за прв пат клубот го добива името ФК „Бомба“, потоа се преименува во ФК „Млекар“, кое соодветствува со традицијата на Малокоњарци, производство на млеко.

Во Општинската лига клубот се натпреварувал некаде до 90-тите години од минатиот век, за во 1997 година повторно да се реактивира. Во натпреварувачката 2010/11 година клубот го освои првото место во Општинската лига. Моментално клубот се натпреварува во Третата лига – Југ, организирана од Фудбалската Федерација на Македонија.

Играч кој потекнува од ФК „Млекар“ е Гоце Манески (+2016), кој во 1969 година дебитирал за ФК „Победа“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc