ФК „Мирче Ацев“, („Младост“) од Кривогаштани.

ФК „Младост“, Кривогаштани

ФК „Младост“, Кривогаштани

ФК „Младост“ е формиран во 1958 година. Веднаш по формирањето, клубот го освоил првото место во Општинската лига и се пласирал во т.н. „Центар“ на Битолскиот фудбалски потсојуз. Тука се натпреварувал две сезони, а потоа станал член на Битослкиот фудбалски потсојуз.

Во Кривогаштани своевремено гостувале и Победа од Прилеп, Напредок од Кичево, Пелистер од Битола, Охрид… На игралиштето кај „Стара Река“ присуствувале и по 1000 гледачи.

ФК „Младост“ подолг временски период се финансирал од Земјоделската задруга „Слога“ од Кривогаштани. Прв претседател на УО бил покојниот Стојче Чавкоски.

Во ФК „Младост“ играле следниве фудбалери: Раде Аврамоски, Славе Бозароски, Цветко Заткоски, Јосиф Папучкоски, Коста Настески, Алексо Здравкоски, Божин Станчески, Кирил Коруноски, Зало Петрески, Борис Заткоски, Димче Рујаноски…

(Дел од фотографиите се преземени од ФБ профилот на ФК Младост од Кривогаштани)

Сезона 1979/80 година:
Стојат: Александар Заткоски, Бранко Тасески, Љубе Папучкоски, Зоран Илиески, Петре Зуљамоски, Данчо Везенкоски, Власо Клекачкоски, Игне Голески, Веле Кускоски
Клечат: Војне Амбароски, Владо Мојаноски, Јане Здравкоски, Јане Јанчески, Зоран Мешески

1 коментар

  • Филип May 1, 2017

    10 сезони во континуитет играше во Третата Лига Југ, од 2004/05 до 2013/14 кога испадна бидејќи се кратеше лигата.

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc