1965: ФК „Козара“ од Заполжани

ФК „Козара“, Заполжани

ФК „Козара“, Заполжани е формиран во 1948 година. Клубот го добил ова име по борбите од НОБ, кои се воделе на планината Козара во тогашна Југославија, па ова име не е променето до денес.

Првиот поголем успех клубот го остварува во сезоната 1973/74, кога успеваат да се пласираат во Титовелешкиот сојуз. Клубот се финансирал од сопствени средства, а куриозитет претставува заедничката работа во вид на акција, кога сите играчи заедно со управата, оделе во задругата „Пешница“ во Македонски Брод, каде што чистеле штали за пари, а сите средства го вложувале во клубот.

Меѓу познатите играчи, кои со гордост го носеле дресот на клубот, се истакнуваат: Ристо ацески, Киро Илиоски, Петре Дукоски, Димче Ацески, Славе Соколоски, Мицко Конески, Целе Николоски, Зоран Тренкоски…

За одбележување е и името на професорот при Економскиот факултет, д-р Звонко Петрески, кој 4 години бил претставник на клубот и кој несебично го помагал неговиот опстој.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc