ФК „Караорман“ - Ново Лагово...

ФК „Караорман“, Ново Лагово

ФК „Караорман“, Ново Лагово е формиран во 1981 година и веднаш почнал да се натпреварува во Општинската лига. Иницијативниот одбор за формирање на клубот, предложил две имиња – Караорман и Малесија, но знак на сеќавање на родното место на мештаните од Ново Лагово, било одлучено клубот да се вика „Караорман“.

Првиот натпревар по формирањето на клубот бил одигран против ФК „Два даба“ од Новоселани, кој завршил нерешено 1:1. Во првата сезона од натпреварувањето, клубот забележа вистински успех, зашто ги загуби само двата натпревари против екипата на ФК „Кадино“. По само една сезона, ФК „Караорман“ се пласира еден ранг погоре, влегувајќи да се натпреварува во квалитетната лига.

Интересно е да се одбележи дека ФК „Караорман“ е единствениот селски клуб, кој бил на подготовки и кој редовно исплаќал премии на играчите за постигнатите резултати. За жал, клубот се расформира во 1987 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc