2007/08: ФК „Кадино“, Кадино Село.

ФК „Кадино“, Кадино Село

ФК „Кадино“, Кадино Село официјално почнува да се натпреварува во општинските лиги во 1976 година, но клубот е формиран претходно. Првото име на клубот е ФК „Методија Патчев“. Најзаслужни поединци за формирање на клубот се: Митре Малкадиноски, Киро Малкадиноски, Киро Врбоски и Благоја Кебакоски.

Извесен период клубот се натпеварувал во Третата лига – југ, и тоа доста успешно во три сезони со ред. За овој успех најзаслужни се: Миле Кебакоски, Пеце Неделкоски и Гоце Самарџиоски. Како успех на клубот се смета влегувањето во 1/16 финалето на Купот на Македонија, каде еднаш се сретнаа со Брегалница од Штип, а вториот пат со Работнички Кометал од Скопје.

Најпознати фудбалски имиња од овој клуб се: Јове Магдески, Благоја Јанкулоски, Киро Митрески, Љупчо Грујоски и др.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc