ФК „Кадица“, Забрчани.

ФК „Кадица“, Забрчани

ФК „Кадица“, Забрчани е формиран во 1965 година, паралелно со формирањето на ОФС Прилеп. Иницијатори за формирањето на клубот биле: Радослав Талески, Киро Здравески, Петре Ристески, Бато Апостолоски, Атанас Апостолоски…

ФК „Кадица“ бил единствен претставник на ОФС Прилеп, кој пет пати со ред учествувал на Илинденските селски игри во Куманово, Крушево, Свети Николе и два пати во Тетово. Освен тоа, овој клуб е единствениот кој непрекинато се натпреварува во општинските лиги во Прилеп.

Од ФК „Кадица“ познати се фудбалерите Илија Димоски (ФК „Победа“, ФК „Раднички“ од Ниш), Диме Димоски (ФК „ЕИ Младост“ од Ниш).

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc