ФК „Искра“ од Варош, 1948...

ФК „Искра“, Варош

ФК „Искра“, Варош е формиран во 1939 година. Овој клуб егзистирал кусо време, а натпреварите ги играл со екипи од второстепен ранг, и тоа од Крушево, Македонски Брод, Богомила и Прилеп.

ФК „Искра“ финансиски бил потпомаган од земјоделската задруга во Варош, но поради финансиски проблеми, клубот по неколку години престанал да постои. Возобновен бил дури во 1977 година, под името ФК „Црвени Стени“, а од 1984 година – ФК „Варош“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc