ФК „Дебреште“

ФК „Дебреште“

ФК „Дебреште“ е формиран во 1984 година. Главни иницијатори за формирање на клубот се Менан Шерифоски, Садрија Шерифоски и Илија Лозаноски. Првото име на клубот е ФК „Барбарас“.

Првото игралиште се наоѓало на местото наречено Извор, а тоа повеќе било импровизирано игралиште, отколку стадион. Сепак, од 1984 година, ФК „Барбарас“ со успех се натпреварувал во општинската лига. Со арондација на општинсите лиги, една година клубот се натпреварувал во општинската лига на Македонски Брод, каде по освојувањето на првото место, се натпреварувал во повисок ранг, во Југозападниот регион.

ФК „Барбарас“ се натпреварувал до 2001 година. По пауза од 14 години, во селото повторно е формиран нов фудбалски клуб, овојпат со името ФК „Дебреште“, кој и денес се натпреварува во општинската лига на Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc