Фудбалскиот тим „Црн Бор“, сликан на некој локален турнир.

ФК „Црн Бор“

ФК „Црн Бор“ e формиран во 1969 година по иницијатива на Сотир Јосифоски, кој бил и прв секретар на клубот, а за прв претседател бил избран шумарскиот инжинер Ѓорѓи Башески. Играчкиот кадар исклучиво бил од вработените во Комбинатот.

Први тренери на клубот билр Перо Осата и Круме Џексио. За време на Мицко Николоски, клубот се натпреварувал во регионалната лига. Од клубот произлегле добри фудбалери, како Кире Мукле, Ице Козаро, Блаже Камче, Љупче Дисо…

Своевремено, клубот располагал со свој стадион во кругот на фабриката, соблекувални, сопствен превоз, своја публика, која броела и до 500-800 гледачи на секој натпревар.

За жал, своите последни натпревари, клубот ги одигра во 1976/77 година, кога и званично згасна неговото постоење.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc