1917: Оревоечка река...

Оревоечка, Дабничка…

Градската река

Низ градот Прилеп течат Ореовечка, Дабничка и Селечка Река, кои заедно ја сочинуваат Градската Река, која јужно од градот, преку Блато (Дебрешка Река), се влива во Црна Река под селото Тројкрсти.
Според тоа, Прилепското поле се наоѓа во горниот слив на средниот тек на реката Црна.
Прилепско поле е одвоено од Битолското поле со пресекот на Црна Река меѓу селата Тројкрсти и Тополчани од една, и Новоселани и Лознани, од друга страна, како и со нискиот превалец западно од селото Алинци.
Од западната страна, Прилепското Поле оградено е со Крушевската Планина (Бушова), од северната со Даутица и нејзините расклони, а од источната страна со Бабуна и Селечка Планина.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc