1950: Натпревар помеѓу ОК „11 октомври“ и ОК „Железничар“ од Титов Велес, одигран во Скопје

Одбојка

Одбојка

_____________________________________________________________________ 3 ноември 1965 година
„Народен Глас“
Желба на прилепските одбојкари

ВЛЕГУВАЊЕ ВО СОЈУЗНАТА ЛИГА

  •  Дали Одбојкарскиот сојуз на Македонија го форсира О.К Вардар?

Одбојкарскиот клуб 11 октомври е основан 1961 година од љубители на одбојката меѓу кои: Новко Дачески, Драгољуб Митровиќ, Милорад Думбалоски и други кои сакаа во нашиот град да напредува уште една спортска дисциплина.
Во 1962 година, одбојкарите од овој клуб се натпреваруваа во битолската зона каде надмоќно го завзедоа првото место со кое добијаа право да се натпреваруваат во Македонската одбојкарска лига.

Ова е трета година откако младите одбојкари на 11 октомври со занес и младешки ентузијазам се борат да заземат едно од првите места, но среќата не им беше наклонета, две години го завземаат само третото место.
Оваа година првенствените борби се одвиваат во потполна неизвесност. Квалитетот на клубовите е скоро изедначен, желбата да се оди на кфалификации е уште поголема кога се знае дека првите две екипи во ноември ќе поделат мегдан со најдобрите екипи од другите републики. Но со самото одигрување на неколку кола се дозна дека најдобро подготвени се екипите од Скопје, Т. Велес и Прилеп.

Одиграно е и последното коло но сепак редоследот на табелата не е конечно решен.
По се изгледа дека табелата одново ќе ја составува Одбојкарскиот сојуз на Македонија. Сите интенции кои зборуваат за правичноста во овој спорт се против скопски Вардар.
Дали оваа година Вардар ќе биде принуден да чека друга прилика за кфалификација (кое е и праведно), ќе видиме после решенијата на натпреварувачката комисија.

Инаку Одбојкарскиот клуб 11 Октомври има изгубено во оваа сезона три натпревари и тоа:
Во Струмица со 3:1, во Т. Велес со 3:2 и во Скопје со 3:1.

Одбојкарите на 11 Октомври се ретки спортисти, ни еден од нив не пуши, не пие, скоро сите се добри ученици и примерни граѓани.
За период од четири години овој клуб создаде екипа која од ден на ден станува се поквалитетна и не е никакво изненадување ако нашиот град има претставник во Сојузната одбојкарска лига.

Б. Трајкоски _____________________________________________________________________

ФОТОГРАФИИ:

Женската екипа во одбојка на јавен час на 7 ноември 1948 година, сликани на градскиот стадион во Прилеп:
Иванка Ковилоска, Магда Стеваноска, Драгица Николоска, Бонка Чоческа, Ратка, Загорка Расолкоска, Олга Переска, Роза Стамболџиоска, Љубе Јанкоска, Иванка Томеска, Милка Мирческа и Добрила Крстеска.

ОК „Гоце Делчев“ со освоениот пехар на одбојкарскиот турнир во Прилеп во 1950 година:
Христо Зојчески, Кирил Каракашоски, Орде Петрески, Александар Најчески, Сашо Попоски и Гога Клисароски.

ОК „11 октомври“, 1963/64:
Думбалоски, Јорданоски, Дачески, Тодороски, Момироски, Талески, Атанасоски, Б. Трајкоски, С. Трајкоски.

ОК „11 октомври“ на подготовки во Охрид, 1964:
Момироски, Солуноски, Палилулески, Атанасоски, Талески, Белазелкоски, Гајтаноски, Василески, Думбалоски, Димески, Трајкоски.

ОК „11 октомври“, кој во 1976 година се врати во втората сојузна лига:
Тасески, Митоски, Думбалоски, П. Мирчески, Ацески, Димоски, В. Мирчески, Галески, Аризанкоски и Јашмакоски.

ОК „11 октомври“, 1992:
Гегата, Јован Кусески, Марјан Басароски, Дејан Димоски, Гоце Каратошев, Тони Савески, Сашко Дисоски, Диме Димески, Васко Гајтаноски, Теодор Тошо, Жаре, Рубин Трчкоски, Зоран Пилоски и Димитар Стрезоски.

ОК „11 октомври“, 1992:
Васко Димовски, Марјан Басароски, Вељан Долненец, Дејан Димоски, Тони Савески, Рубин Трчкоски, Гоце Каратошев, Владо Мирчески, Васко Гајтаноски, Коста Сотироски, Зоран Пилоски, Теодор Тошо и Димитар Стрезоски.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc