Обршани на сателитска снимка...

Обршани

Обршани се наоѓа во централниот дел на Прилепското Поле. Претставува природен крстопат кон Прилеп – Крушево – Демир Хисар.

Обршани е старо македонско село. Прв пишан помен за селото се среќава од 1337 година кога кралот Стефан Душан го прилoжил на манастирот Трескавец. Селото се споменува и за време на турското владеење во периодот од 1650-1750 година. На крајот на XIX век, селото било дел од Битолската каза на Отоманската Империја. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 540 жители христијани. Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 448 христијани. За време на турското ропство во селото постоеле чифлици и тоа: Велиов, Бајрамоски, Аџи Здравев и Ицкоичин чифлик. Сопствениците на првите два живееле во Битола, а другите во Прилеп. По ослободување од Tурците, жителите ја купиле чифчиската земја, а некои ја добиле и со аграрната реформа.

Во Обршани се родени:

Нове Неданов (1868-1903) – македонски револуционер од ВМРО;
Диме Јанкулев Смугрески (1871-1906) – македонски револуционер од ВМРО;
Никола Гола-вода, четник при Питу Гули во 1903 година;
Петре Тутунот, четник при Питу Гули во 1903 година;
Драган Ванчев Андревски (1950-) – генерал-мајор на АРМ.

Според пописот од 2002 година, во селото Обршани живеат 793 жители, сите Македонци.

1 коментар

  • aleksandar cane s. March 4, 2014

    nee dobro sto go zaboravivte jonce smugreski i toj e del od nasata istorija.

    Respond

Коментирај