Нумизматика
Нумизматиката (од елинскиот збор νόμισμα, nómisma = паричка; или латинскиот numisma= валута), од гледна точка на историјата и археологијата, дефинирана е како наука за кованите монети и медалите. Всушност, нумизматиката е премногу блиска со историјата. Ентузијастите додаваат дека таа во себе тесно ги поврзува економијата, географијата, хералдиката, металургијата, политиката, уметноста и воената историја. Впрочем, парите сами по себе претставуваат „сликовити“ историски артикли.
Парите ни говорат за временските прилики од кога потекнуваат, и во добар, но и во лош контекст. Парите низ историјата ги најавувале војните, револуциите, вредноста на одредени валути, корупцијата, па дури и моќта на техниката.
Во оваа галерија поместени се валути печатени во прилепската печатница „11 октомври“, дизајнирани од прилепски уметници, мотиви од нашиот град, претставени на другоземни валути, како и банкноти и монети од приватните колекции на нашите сограѓани
Коментирај