Грбот на ВМОРО.

Никола Пешков

Никола Спиров Пешков е македонски револуционер, прилепски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Никола Пешков е роден во Прилеп. Татко му Спиро Пешков се занимавал со трговија на јажиња и ортоми и долги години бил советник во Прилепската црковно-училишна општина. Никола е брат на Георги Пешков и Рампо Пешков, исто така дејци на ВМОРО.

Никола се школувал во гимназијата во Битола. Работел како трговец. По ппрепорака на Централниот комитет, Никола Пешков отворил канал за набавка на оружје од Србија.

Пешков починал во мариовското село Вепрчани за време на Илинденското востание, на 14 август 1903 година, заедно со уште 20 четници.

Нема Коментари

Коментирај