Никола Бошков - Тројачанец

Никола Бошков – Тројачанец

Никола Бошков – Тројачанец е роден 1865 година во Тројаци. По професија бил учител.

Влегува во ВМОРО во 1894 година. Во почетокот на 1903 година бил во четата на Константин Кондов, а за време на Илинденското востание бил самостоен војвода во Прилепско.

За време на Балканската војна во 1912 година бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и служел во четата на Михаил Чаков и учествувал во ослободувањето на Кавала.

Починал во Софија во 1946 година, каде што и денес се наоѓа неговиот гроб.

Нема Коментари

Коментирај