1937 година... Покана за добротворна вечер на Прилепското благотворително дружество „Пере Тошев“ во Софија...

Прилепско друштво „Пере Тошев“ од Софија

Прилепското благотворително дружество „Пере Тошев“ од Софија е формирано од бегалци и печалбари од Прилеп и прилепско, со цел собирање на средства за помагање на ослободителната борба за слободна Македонија.

Како и другите македонски здруженија, било во состав на „Македонско-бугарско благотворително дружество“ во Софија формирано во 1881 година од прилепчаните Д-р Константин Поменов, Димитар Македонски, Д. Оклев и Георги Разлогов.

Друштвото имало и просветно културен карактер, со тоа што активно учествувало во помагање на сиромашни ученици од Македонија и во печатење на македонски весници и литература. За време на Балканските војни, голем број на членови од македонските друштва во Бугарија пристапиле кон Македонското ополчение, кое броело 14670 борци во состав на бугарската армија, надевајќи се за конечна слобода на Македонија, но борејќи се главно на Тракискиот фронт.

Прилепчаните биле организирани во состав на Десетатта Прилепска дружина, со командир Стојан Везенков од Крушево, во чиј состав имало и македонски доброволци од Америка.

Истата приказна се повторила и во Првата светска војна, кога македонските доброволци влегле во состав на 11-та македонска дивизија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc