ВИС „Рубини“

ВИС „Рубини“

ВИС „Рубини“ се формирани во 1963 година.

Поставата на бендот ја сочинувале:

Марјан Спиркоски – соло гитара и вокал;
Милан Тасламически – ритам гитара и вокал;
Методија Костоски – бас гитара и вокал;
Никола Петрески – тапани;
Станко Паскоски – тапани;
Пере Алексоски – вокал.

Нивни репертоар биле хитовите од англиската поп-сцена, одредени француски и италијански композиции и југословенските хит-рефрени. „Рубини“ е првиот бенд во Македонија, кои во сопствените музички теми го исползувале македонскиот етно-призвук.

ВИС „Рубини“ свиреле на сите локации низ Прилеп, за најразлични прилики: од игранки, до матурски и матине забави. Еуфоријата и френетичните настапи биле вистинско доживување. На викенд вечерите во легендарниот „Це-клуб“, нивната инструменталка „Возот“ на бис се свирела најмалку половина час. „Возот“ задолжително го „возел“ Ико Мичата, тогашен кондуктер на автобуската станица.

ВИС „Рубини“ згасна во 1967 година, кога дел од членовите станаа академски граѓани, запишувајќи се на факултетски студии.

Извадок од книгата „Прилепска Калдрма“ од авторот Наташа Мирческа.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc