Омотот од касетата „Има ли тесна?“, продаден во над 40.000 примероци.

Ристо Бомбата и „Кучешка тенија“

Ристо Бомбата и „Кучешка тенија“

Ристо Бомбата (Кристијан Габроски), е роден во Прилеп. Тој е македонски музичар, пејач, тесктописец и композитор. Во почетокот на деведесеттите, заедно со Борче Шабаноски и Валентино Лауцоски, настапуваат под името „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ и достигнуваат огромна популарност. Нивните касети биле продадени во повеќе од 50.000 примероци и своевремено биле една од најпопуларните групи кај младите, но и кај постарите Македонци.

Автор на текстовите и музиката беше Ристо Бомбата, а аранжманите им беа заеднички. Во својата куса, но исклучително успешна кариера, бендот имаше над 20 живи настапи. Ристо Бомбата и „Кучешка тенија“ се единствените на кои, по „Леб и сол“, им појде од рака да ја преполнат салата во скопско „Кале“. Во 1993 година, на нивниот концерт беа присутни над 5000 вљубеници на нивната музика.

Денес, Кристијан Габроски е присутен на македонската музичка сцена, пишувајќи и компонирајќи песни на многу музичари, највпечатливо на Маја Вукичевиќ. Исто така, има и соло кариера. Настапувал на Макфест и на локалниот избор за песна на Евровизија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc