Договор пред настап...

Група „Ѕ“

Група „Ѕ“ своевремено била средношколска атракција. Обземени од тинејџерското лудило, Светлана, Нане, Златко, Кире и Гегата веќе биле локални ѕвезди.

Моќниот вокал на Светлана се памети по изведбите на песните на легендарната Џенис Џоплин.

Свирките редовно ги имаа во средношколските училишта, а во Офицерскиот дом – неизбежните игранки. Група „Ѕ“ често била поканувана и за настапи во Универзалната сала, како предгрупа на веќе афирмираните пејачи и бендови, кои доаѓаа во Прилеп. Во златните години на рок музиката во Прилеп, групата „Ѕ“ сериозно тргна кон угорнината на ѕвезденото небо.

Група „Ѕ“ ја сочинуваа:

Светлана Галоња – вокал;
Нане Наумоски – соло гитара;
Златко Црвенкоски – клавијатура;
Кирил Наумоски-Кице – бас гитара;
Бранко Гегоски-Гегата – тапани.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc