Горјан Коруноски

Горјан Коруноски

Горјан Коруноски

Горјан Коруноски е роден на 29 Јануари 1961 година во Прилеп. Композиција студирал на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва (1980–1985) кај проф. Н. Сиделников.

Во 1992 година дипломирал диригирање на ФМУ во Белград (проф. А. Колар и С. Шепиќ), а магистрирал (1995) во Вајмар, Германија (проф. Г. Калерт).

Тој бил диригент и корепетитор во „Народно позориште“ во Белград и диригент во МНТ во Скопје (1988–1993), диригент во Операта во Хоф, Германија (1993–2001), диригент, а потоа и уметнички директор на театарот „Milenianum“ во Белград (2002–2005).

Како композитор напишал дела, пред сe, од камерниот и од вокалниот музички род.

Горјан Коруноски почина на 6 декември 2005 во Белград.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc