Flaster City во 1979 година...

Flaster City

Flaster City на прилепската музичка сцена дебитираше на престижната гитаријада, која во тоа време се одржуваше во Дрвното средно училиште. Со својата талентираност, Flaster City веднаш се издигнале пред веќе искусните, покажани и докажани прилепски музичари. Освен квалитетниот музички состав, Flaster City имале луѓе задолжени за настапите, и тоа: Борче Стеваноски бил задолжен за електриката, а Илија Барлески-Барле за изработката на плакати.

Flaster City е првиот прилепски бенд, кој организирал големи свирки во спортската сала „Македонија“, на која присуствувале и повеќе од илјада младинци. Flaster City ќе останат запишани во историјата на македонската музичка сцена и со нивната авторска мелодија на сиховите „Денови“, со која настапувале и на програмата на РТС.

Составот на Flaster City:

Стеван Спиркоски-Мудуро – гитара;
Петар Велкоски-Пецко – вокал;
Горан Караџоски-Буцо – бас гитара;
Мирко Стојкоски-Мината – гитара;
Борче Гегоски-Гегата – тапани;
Мите Аризанкоски-Жеголо;
Мите-Гаро;
Емил Велкоски-Крле;
Трајан Рувчески-Волко – тапани;
Ристо Лепиткоски-Ице – соло гитара.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc