Основата на „До Ре Ми“: Кире Скокалето, Маријан Манисо, Диме Чалата и шурата на д-р Сафо...

„До Ре Ми“

„До Ре Ми“ го доби името по воденицата на езеро, во која глумеа угостители Чалата и Гао. Повеќе беа на свирки, наместо во ресторанот. А, во ресторанот ги заменувал Бранко Гегата, глумејќи газда. „До Ре Ми“ настана од старата група „Стерна“, во која капелник беше Благоја Руското. Чалата доаѓа претходно од групата на Шврчо, па во „Стерна“ свирел двојни гитари со Руското. Светозар Крстески-Заре, поради здравствени причини, бил заменет со Шилото. Гао одлета со Весна Змијанац во Новиот Џерси, а Мената дојде како главен капелник на групата. Потоа на Чалата му било забрането од некои немузикални персони да свири, па бил заменет од Увцето и Белинда. И се до ден-денес, „До Ре Ми“ постои и поединечно, и како група, но се откажа од свадби, слави и други куќни прослави. Си свири за душа.

Димче Блажески-Чалата

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc