Александра Гическа...

Александра Гическа

Александра Гическа е родена 2001 година во Прилеп.

Своето музичко образование го започнала во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп каде прв пат се запознава со инструментот пиано. Благодарение на својата музикалност и трудољубивост таа забрзано напредува при изучување на пианото. Има земено учество во бројни училишни концерти и културни настани во Прилеп, Штип и Скопје.

Под менторство на проф. м-р.Филип и проф. м-р Мелани Пеоски таа на осум години ја освојува првата награда на државниот натпревар во Скопје, а на девет години го одржува својот прв самостоен рецитал. На 10-годишна возраст настапува на фестивалот „Прилепскo културно лето“ со целовечерен рецитал и воедно е најмладиот учесник на овој фестивал. Исто така, има настапувано и на Факултетот за музичка уметност во Скопје и Штип. Како потврда за нејзиниот исклучителен талент се повеќето меѓународни и државни награди и признанија кои ги има освоено.

За неа може да се каже дека е еден од ретките таленти, кои од најрана возраст се одликуваат со голем виртуозитет и сериозност при интерпретација на делата од големите класици – карактеристика која ги следи сите големи уметници.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc