Мирче Ацев е село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп. Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.
Поранешното име на селото е Петрово. Тоа е колонистичка населба формирана од православни Срби, доселени во 1922 година од Далмација. До почетокот на Втората Светска војна, селото нараснало на 28 домаќинства, а имало и свое училиште. Во 1941 година бугарскиот окупатор ги иселил жителите во Србија, а на нивно место доселил жители од Локвица, Порече и од околината на Струга. По завршувањето на војната само две семејства се вратиле од Србија.
Селото било рамничарско и во близина се селата Врбјани, Кадино Село, Боротино и Славеј.
Според пописот од 1948 година, во селото Мирче Ацев живееле 163 жители. Во 1953 година живееле 151 жител. Во годините 1961 и 1971, биле попишани 126, односно 44 жители. На наредниот попис во 1981 година не е забележан ниту еден жител и оттогаш па наваму селото е раселено.
Коментирај