Милорад Илиќ-Бели

Милорад Илиќ – Бели

МИЛОРАД ИЛИЌ – БЕЛИ

Психолог и педагог…

Во декември 1953 година доаѓа за тренер во екипата на Победа, и неколку сезони успешно ја води во натпреварувањата во рамките на МФЛ.
Со огромно фудбалско искуство како предвоен играч на Мачва (Шабац), односно и белградскиот БСК, современик на Благоје Марјановиќ – Моша и Александар Тирнаниќ –Тирке, во играта на Победа внесува новини, а една од посебните одлики му е психолошката подготвеност на поединецот и на екипата во целина.

Оформува неколку фудбалери, коишто во натамошниот период ќе играат значајна улога во прилепскиот фудбал.
Милорад Илиќ останува единствен педагог дојден од страна, кој останал докрај врзан за прилепскиот фудбал и за градот Прилеп.
Повремено со ангажмани како тренер, го напушта Прилеп, и тренира екипи од СР Македонија и СР Србија, но секојпат се враќа во Прилеп, каде што по пензионирањето отанува да живее.
Иако во години, активно учествува во тренерската организација, каде што еден период е и претседател на тренерскиот огранок на тренерите во Прилеп.

До крајот на својот живот на младите стручни кадри им ги пренесува своите искуства, готов да помогне не само на Победа, туку и на сите Фудбалски клубови во Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc