Март 1903: Првиот број на списанието „Македонија“

Милан Грашев

Милан Грашев е роден 1880 година вo Прилеп. Милан е братучед на просветниот деец и револуционер од Прилеп – Ѓорѓи Грашев. По завршувањето на гимназиското образование заминал во Софија. Во периодот од март 1903 до декември 1904 година, заедно со Михаил Копанов го уредувале списанието „Македонија“ (подоцна „Македонска зора“).

Во 1920 година го напуштил Сојузот на македонските братства и учествувал во формирањето на Македонската федеративна организација. Во 1922 година во Софија ја објавил брошурата „Мафиите и катастрофите“, во која што ги критикувал Тодор Александров и Александар Протоѓеров поради нивната блискост со бугарскиот царски двор и опишувајќи ја ВМРО како мафија. Во 1923 година, по убиството на пратеникот Никола Генадиев, Милан Грашев бил предложен од парламентарната опозиција да раководи со истрагата за убиството.

На 26 мај 1924 година бил убиен во Софија, со цел да се исплашат левичарите Ѓеорѓи Занков и Арсени Јовков. Убијците и нарачателите не се откриени, но се смета дека се поврзани со ВМРО. Со својата сопруга Рајна Каназирева, имал две ќерки – Живка и Здравка.

Нема Коментари

Коментирај