Марко Цепенков...

Марко Цепенков

Марко Цепенков е роден во 1829 година во Прилеп, како прв син од вториот брак на неговиот татко Коста Цепенков со потекло од село Ореовец.
Во младоста неговиот татко работел во Влашко, Белград а кратко работел и во личната гарда на српскиот кнез Милош а откако се вратил во Прилеп станал еким.
Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година кај учителот Аџи Константин Дингуле, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает.
Работел како терзија во Струга, Кичево и Крушево а во Битола кратко време со неговиот татко држеле и дуќан за тутун.
И покрај отсутството од образование самиот го усовршил читањето и пишувањето преку „Букварот“ и „Псалтирот“.

По враќањето во Прилеп отворил свој дуќан и станал мајстор терезија а љубовта кон книгата ја негувал преку читање на житија, вечни календари, списанија и други текстови а се зафатил со учење на грчкиот, влашкиот и турскиот јазик.

Во периодот 1856-57 година почнал да собира народни умотворби, поттикнат од Димитар Миладинов кој во тоа време учителствувал во Прилеп.

Во 1888 година заминал во Софија со намера да ги отпечати собраните умотворби.
Во Софија работел седум месеци во Народното собрание на Бугарија како надзорител по статистиката на народното население, подоцна работел и во финансискиот оддел.
Потоа се вработува како администартор во печатницата на браќата Поп Спиркови.
Меѓутоа во Софија го снаоѓаат многу несреќи.
Набрзо го губи видот, потоа настрадал од велосипедист по што останал сакат во нозете, а наредната година неговиот син Ордан кој го идржувал својот татко се „умопобркал“.

Последните години од својот живот Марко Цепенков ги поминал мачно и речиси без секаква потпора.
Изнемоштен и заборавен, во крајна беда умрел на 29 декември 1920 година во Софија, каде и што е погребан.
Во некрологот за Марко Цепенков, Антон П. Стоилов напишал:
„Малцина разбраа за смртта на скромниот преродбеник Марко Коста Цепенков, безшумно беше тој испратен до вечното му живеалиште и никаков венец не ја украси катафалката.“

Марко Цепенков дал голем придонес на македонскиот народ. Покрај тоа, придонесот на Цепенков во македонската литература е големо значење и важност, како и за при развојот на македонската етнографија и култура.
Целокупната оставина на Марко Цепенков се чува во Архивниот институт на Бугарската академија на науките во Софија. Во современа Македонија, делаа на Марко Цепенков за прв пат биле реиздадени во 1954 година од Блаже Конески во „Сказни и сторенија“. Во 1957 година, творештвото на Цепенков биле прекажано во вид на филм од Кирил Пенушлиски, кој една година подоцна започнало со неговото издавање.

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика – повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби – браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските народни умотворби.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.). Во финалната песна од својата автобиографија, Цепенков вели дека ги напишал, за да остави вечен спомен на својот мил бугарски народ. Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите фолклорни материјали.

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.