Маргари

Маргари

Маргари е сместено во средишниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 32 км северозападно.

Маргари се наоѓа во крајниот северен дел на Пелагонија. Селскиот атар повеќето е рамничарски, без поголеми водотеци. Западно од селото се издига планината Даутица, додека кон исток се издига планината Бабуна. Надморската висина на селото приближно е 780 метри. Климата во селото е планинска заради значителната надморска висина.

Во XIX век Маргари било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Маргарит (Margarite) е посочено како село со 15 домаќинства и 65 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Маргари било населено од 230 жители христијани.

Во почетокот на ХХ век целото население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Маргари имало 200 егзархисти и функционирало бугарско училиште.

Според пописот од 2002 година, Маргари има 27 жители Македонци.

Во Маргари е роден Добре Дијак (XIV век), кој во време на владеењето на Крал Марко во Калуѓерец напишал Минеј.

Нема Коментари

Коментирај