Манастир „Успение на Пресвета Богородица“, село Обршани
Темелите на црквата се ставени во 2004 година, а градбата е завршена во 2005 година. Манастирот е надвор од селото, подигнат на слична местоположба на месноста Црквиште, што ја има наведено во своите истражувања антропологот Јован Трифуновски. Месноста ја има забележано дека се наоѓала 500 метри североисточно од селото.
Манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“ нема архитектурна дефиниција. Наликува на еднокорабна градба, со едно централно и четири помали кубиња, од кои едното е над Светиот Престол. Црквата завршува со три полукружни апсиди на источниот дел. Манастирската црква е осветена во 2011 година од Митрополитот Петар.
Коментирај