Македонски папрат (Asplenium Macedonicum Kümm)
Папратите, кои се застапени на територијата на Македонија, најчесто се развиваат во влажните шуми и се многу чувствителни на недостигот на влага, но сепак, застапен е и голем број на претставници кои се развиваат и на многу суви станишта.
Некои видови од папратите имаат космополитско распространување, додека некои од нив претставуваат ендемити. Така на пример, Asplenium macedonicum претставува локален македонски ендемит и многу ретко растение. Се развива во пукнатини на гранитни блокови. Неговото распространување е ограничено во околината на Прилеп – Маркови Кули, Трескавец, Селечка Планина.
Asplenium Macedonicum Kümm е регистриран 1916 година од унгарскиот ботаничар Jenö Béla Kümmerle.
Коментирај