„Македонија – Крстопатот на културите: Прилеп и Трескавец“ е патепис на русинот Алексеј Тихонов кој во 2008 година поминал низ Прилеп.
„Патувањето со автобус на релацијата Скопје – Прилеп е околу 3 часа а билетот е 7 евра. За патот кон Велес може да се каже дека е со добар квалитет, така што патувањето поминува прилично брзо, но набрзо потоа започнува долгото возење по стариот асфалтен пат опкружен со планини.
Градот Прилеп е сместен во широка долина опкружена со планини. Во близина на градот се наоѓаат две атракции – урнатините на тврдината Маркови Кули и прекрасниот стар манастир Трескавец, кој е сместен во височините на Златоврв.
До Марковите Кули се доаѓа лесно бидејќи се наоѓаат на периферијата од градот, но до манастирот Трескавец треба малку повеќе пешачење.
Најлесниот начин ни се чинеше е да земеме такси (Околу 5 евра) кое не однесе до новите градските гробишта, од каде што продолживме со пешачење до манастирот.
Од местото каде што почнавме да се искачуваме се до манастирските порти поминавме околу 3 километри кривулест пат со живописно опкружување, така што уживавме во прекрасната прошетка.
Таксистот кој не возеше, тврдеше дека до манастирот може да се стигне само со теренско возило, но кога пред манастирот здогледавме еден стар „Цитроен“ ни стана јасно дека неговите тврдења се малку претерани.
Внатре во манастирот, опкружена со конаците се наоѓа црквата Света Богородица изградена во XIV век. За жал фреските во црквата се наоѓаат во многу лоша состојба. Но колку што можев да забележам, за време на нашата посета во црквата се вршеа конзерваторски зафати со што се надевам дека наскоро ќе се подобри состојбата на фреските.
Сите оние кои сакаат да ја поминат ноќта во Трескавец се добредојдени. Манастирот располага со повеќе гостински соби од 6-10 легла за кои не се наплаќа, така што секој остава пари по желба пред иконите во црквата.“
Извор:http://reports.travel.ru/reports/2009/05/170079_1.html
Коментирај